Прободениот фудбалер на Монца: Жив сум, но видов човек со пресечено грло!

Фудбалерот на Арсенал на позајмица во Монца, Пабло Мари, беше една од жртвите на налудничавиот напаѓач во еден супермаркет во близина на Милано, но иако беше прободен повредите не се животно загрозувачки и тој ќе продолжи да се лекува во болница.

Тој беше нападнат заедно со уште петмина други купувачи и тоа од човек со ноќ во раката. Мари набрзо по инцидентот се јави преку социјалните мрежи потврдувајќи дека е физички добар, но дека сликата од масакрот вечно ќе му биде пред очи.

„„Бев внатре, ја туркав количката со моето дете и одеднаш почувствував силна болка во грбот. Веднаш потоа го гледав напаѓачот како му го пресече грлото на друг човек. Јас имав среќа но, пред мене видов човек како умира и тоа никогаш нема да го заборавам“, напиша Мари.

Врз фудбалерот извршена и опрација, среќата е што нема нема повреда на витални органи и се очекува наскоро да се врати на теренот и нормално да ја продолжи кариерата.

Треба да знаете
Последни објави