Барди против Звезда погоди статива од 30 метри

Maкедонскиот репрезентативец Енис Барди во вчерашниот натпревар против Црвена Звезда во Лигата на Европа на теренот беше до 83. минута, а беше блиску и да се запише во листата на стрелци.

Се играше 34. минута од средбата кога Барди со одличен удар од далечина ја погоди стативата од голот кој чуваше Борјан. Македонскиот репрезентативец прво украде топка од Катаи, ја понесе напред, дојде на околу 30 метри и одлично шутираше.

Треба да знаете
Последни објави