Кошаркарите на Бруклин нетс, Кајри Ирвинг и Кевин Дурант повторија достигнување во НБА-лигата во вчерашниот пораз од Далас (129:125). Ирвинг постигна 39, а Дурант 37 поени.
Па така на последните три натпревари Ирвинг постигна 103 поени, а Дурент – 107, но тоа не ги спаси Нетси од три порази во низа.
Ирвинг и Дурент станаа вториот тандем во историјата на НБА кое загубило три натпревари по ред со својот тим и покрај тоа што постигнале над 100 поени.
Во 1983 година, Денвер нагетс претрпе три порази и покрај високите перформанси на Алекс Инглиш и Кики Вандјуи.