Компанијата „Чујте и почујте“ ги известува сите клиенти и ценета публика дека концертот на Божо Вреќо, кој требаше да се одржи на 1 ноември 2022 година во Филхармонијата во Скопје, е откажан поради технички причини.
Организаторот изразува жалење за откажувањето на настанот и ги повикува сите кои веќе купиле билет да се обратат до продажното место каде што ќе им биде вратена сумата. Наскоро ќе бидете информирани за новиот датум.