Новиот тренер на Виљареал, Кике Сетиен (64), откри дека Барселона сè уште му должи пари.
Сетиен ја презеде Барса на почетокот на 2020 година, но беше сменет летото истата година, по катастрофалниот пораз од Баерн (2:8) во Лигата на шампионите.
На почетокот на оваа недела беше назначен за тренер на Виљареал, откако неочекувано клубот го напушти Унаи Емери.
„Финансиската криза имаше големо влијание. Ова го велам затоа што Барселона сè уште ме нема во целост исплатено. Во исто време, нема да брзам, подготвен сум да им дадам време колку што им треба. Сè е во ред“, изјави Сетиен за „Ел Мундо Депортиво“.
Барселона наводно има договор со Кике за финансиска отштета во висина од четири милиони евра.