Бруклин ноќеска на домашен терен загуби од Далас со 129:125 по продолжение на натпревар кој го одбележа инцидент.
Средбата се одржа во „Барклис центарот“ во Њујорк, а во дополнителни пет минути навивач фрли чаша кон лидерот на Далас, Лука Дончиќ во моментот кога Кевин Дурант изведе слободно фрлање.
Кога падна на подот, увидоа дека станува збор за чаша полна со мраз. За среќа, чашата падна до Дончиќ. Напаѓачот се обидел да побегне од салата, но бројни обезбедувачи, но и дел од гледачите го бркале и успеале да го стигнат и да го предадат на полицијата која го уапсила.
Словенецот постигна трипл-дабл со 41 поен.