Откако Барселона втора сезона по ред завршува со настапите по групната фаза во елитното фудбалско натпреаврување Лигата на шампионите, на тренерот Чави Ернандез му се заканува отказ, иако има тригодишен договор со тимот од „Камп Ноу“.
Чави дпоби 160 милиони евра во летниот преден рок да состави конкурентен тим, иако клубот е во финансиска криза, на која се надоврзува и отсуството на посакуваните резултатите. Токму поради тоа шпанските медиуми шпекулираат дека Чави би можел да добие отказ. како можни кандидати за клупата на Барселона се споменуваат Луис Енрике, актуелниот селектор на Шпанија и поранешен трофеен тренер на тимот „Камп Ноу“. Енрике ја водеше Барселона од 2014 до 2017 година и со нив освои девет трофеи. Енрике сигурно нема да конкурира за оваа работа додека не заврши Светското првенство.
Покрај Енрике, се споменува и Германецот Томас Тухел. кој поради лошиот старт на сезоната доби отказ од Челзи.