Лотито: Сергеј вреди 120 милиони евра, но не е на продажба

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито изјави дека нема намера да го продава играчот од средниот ред Сергеј Милинковиќ-Савиќ (СМС).

Договорот на СМС Лацио истекува во летото 2024 година, а порталот „Трансфермаркт“ моментално го проценува на 60 милиони евра.

Сепак, 65-годишниот Лотито истакна дека наскоро ќе му понуди нов договор на 27-годишниот Србин.

„Не сакам да го продадам Милинковиќ-Савиќ, ќе му понудам нов договор. Повторувам, тој сега вреди 120 милиони евра и секој месец неговата цена на пазарот се зголемува“, изјави Лотито за „Месаџеро“.

Сергеј Милинковиќ-Савиќ ја игра својата осма сезона во дресот на Лацио. Од почетокот на сезоната има ефект од четири гола и седум асистенции на 15 одиграни натпревари.

Треба да знаете
Последни објави