Бразилецот и член на ПСЖ, Нејмар може да биде мирен откако беа отфрлени сите обвиненија против него за затајување на данок. Нејмар беше обвинет за малверзации во неговиот трансфер од Сантош во Барселона во 2013 година.
Компанијата „ДИС“ која во тој период имала дел од правата на Бразилецот тврдеше дека поседува докази кои покажуваат дека Сантош и Барселона направиле голема финансиска малверзација при комплетирањето на трансферот.
Пред една недела Нејмар се појави на судот во Барселона каде што изјави дека тој правел како што му кажувал неговиот татко.
„Од дете сонував да играм за Барселона, затоа и не се одлучив за Реал Мадрид кој испрати понуда. Сакав само во Барселона, меѓутоа јас не учествував во преговорите, потпишав се што ми беше кажано од мојот татко“, изјави Нејмар пред судот.
Денес обвинетлот Луис Гарсија Кантон ги отфрли сите обвинувања кон Бразилецот.
„Спорната исплата од 40 милиони евра е бонусот за потпис на договорот. Можеби сумата е необично висока, но тоа не е кривично дело и Нејмар затоа не може да биде гонет пред овој суд. Ги повлекуваме сите обвиненија против сите обвинети во случајот“, објави Гарсија.