Фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, зборуваше за влијанието на парите во модерниот фудбал, поточно споредувајќи ги Премиерлигата и Серија А.
„Парите носат големи можности. Парите носат алтернативи кои можеби други работи не можат да ги донесат, а интересот за Премиерлигата е многу поголем отколку во Серија А, но и економијата е многу поголема. Но, тоа ја прави ситуацијата многу повозбудлива бидејќи тогаш италијанските клубови се соочени со предизвикот да ги совладаат побогатите клубови. Сепак, сите ние сме професионални играчи и топката е секогаш тркалезна и сите го правиме истото“, изјави Ибрахимовиќ.
Шведскиот напаѓач е надвор од терените поради повреда на коленото, моментно е во процес на рехабилитација и неговото враќање се очекува следната година.