Кирстеа: Спонзорите ми рекоа дека е подобро да се биде убава и во топ 20 отколку грда и број 1 на ВТА!

Романската тенисерка Сораја Кирстеа ја шокираше јавноста со интервју во кое ја откри темната страна на белиот спорт.

Таа истакна дека светски познатите брендови повеќе им посветуваат внимание на тенисерките поради нивната физичка форма отколку поради нивните спортски резултати.

„Се сеќавам кога потпишав договор со Адидас. Цело време, а со оглед на тоа дека изгледав добро како спортист, ми велеа: „Подобро е да изгледаш добро и да бидеш во Топ 20 отколку да бидеш грда и да бидеш број еден. Кога си во Топ 20, те забележуваат насекаде, таму си 24 часа на ден, седум дена во неделата, секоја недела, на секој турнир.’ Тогаш сфаќаш дека тие имаат свои квоти и се е пазар“, изјави искусната 32-годишна тенисерка и моментално 38-ма на ВТА листата.

„На пример, најплатени се Американците, Кинезите или Јапонците. Осака е најплатена во Јапонија, таа е најплатената спортистка во сите спортови во последните години. Тоа е пазарот! Велика Британија продава, а продава и Шпанија. Источна Европа не продава! Не е исто и многу зависи од вас и вашата личност, како ги инспирирате луѓето и како се претставувате, тоа е исто така многу важно“, изјави Кристеа.

Кристеа во досегашната кариера освои два турнири, а најдобар пласман на ВТА-листата и беше во 2013 година кога беше на 21. место.

Треба да знаете
Последни објави