Шпанскиот интернационалец Тијаго Алкантара се враќа во тимот на Ливерпул за вечерашната пресметка со Лидс Јунајтед, потврди менаџерот Јирген Клоп. Играчот од средниот ред ги пропушти последните два натпревари поради инфекција на увото, но сега е подготвен за враќање во составот.
На располагање треба да биде и капитенот Џордан Хендерсон, кој заработи мала повреда против Ајакс оваа недела.
„Очекувам Џордан Хендерсон да биде добро. Се враќа и Тијаго. Сè уште е рано за Наби Кеита, а Матип се уште е надвор од теренот. Некое време нема смисла да се прашува за Диого Жота и за Луис Дијаз. Конате е достапен, а Артур Мело има тешка повреда. Нема да му го раскинеме заемот во јануари“, реферираше Јирген Клоп.