Aрсенал денес стигна до нова победа и тоа убедлива и само докажа дека сезонава е некој друг тим во однос на сезоните претходно. Во рамките од 14. коло „топџиите“ го победија Нотингем со 5:0.
Првиот гол го видовме уште во петтата минута кога Сака му асистираше на Мартинели, а овој погоди за водство на тимот на Артета. На отварањето на второто полувреме следуваше мало шоу на Нелсон. Прво зголеми на 2:0 во 49. минута, а потоа во 52. Минута го постигна својот втор гол.
Резултатот 3:0 на семафорот се задржа само пет минути, со оглед на тоа дека Парти со одличен гол зголеми на 4:0. За „петарда“ се погрижи Мартин Одегард на десетина минути пред крајот на мечот.
Арсенал е лидер на табелата со 31. Додека Манчестер Сити е на второто место со два помалку. Тотенхем е трет со 26, но и натпревар повеќе од Арсенал и Сити. Нотингем од друга страна е на дното на табелата со девет бодови од 13 натпревари.