Aлександар Васоски неочекувано си поднесе оставка од позицијата шеф на стручниот тшаб на фудбалскиот прволигаш Академија Пандев, по денешниот прораз од Работнички (0:2). Васоски на клупата на Академија Пандев се врати да донесе подобри резултати после заминувањето на Ѓорѓе Стојчев, но не издржа ниту два месеци откако пристигна на 7 септември..
Под водство на Васоски минатата сезона Академија Пандев во минатат сезоина стигна до вицешампионската позиција, по што младиот стратег замина во Сараево.
-По последниот пораз и серијата лоши резултати ја преземам одговорноста и си поднесувам оставка од клупата на Академија Пандев. На клубот му посакувам се најдобро во иднина“, објави Васоски на својот Фејсбук профил.
На табелата Академија Пандев е претпоследна, единствените победи на Васоски беа во Купот на Македонија прво против Тетекс од 6:0, а потоа 9:0 против Љуботен.