Американската пливачка Кејти Ледецки постави нов светски рекорд во кратки базени во дисциплината 1.500 метри слободен стил, испливувајќи ја патеката на ФИНА Светскиот куп во Торонто за речиси десет секунди побрзо од досегашното најдобро време кое беше во сопственост на Германката Сара Велброк.
Ледецки, која во кариерата има освоено десет олимписки медали, ја исплива патеката во време од 15:08.24 минути, што беше за повеќе од 40 секунди побрзо од второпласираната Беатриз Дизоти од Бразил (15:48.82).
-Ова беше прв пат да пливам во оваа дисциплина во кратки базени и не знаев што да очекувам, изјави Ледецки, која е актуелна олимписка и светска првенка на долги патеки.
Досегашниот рекорд Велброк го постави пред три години.