Медведев ја освои Виена за трето место на АТП листата

Поранешниот најдобар тенисер во светот, Данил Медведев го освои АТП турнирот во Виена со победата против Денис Шаповалов во три сетови со 4-6, 6-3 и 6-2.

Шаповалов го отвори мечот со два брејка против четвртиот тенисер во светот, а Медведев успеа да врати само еден брејк до крајот и така сетот му припадна на Канаѓанецот со 6-4.

Русинот во вториот сет по голема борба прави брејк за 3-1, а потоа спаси четири брејк топки. Сепак, Шаповалов не се предаваше и стигна до 3-4, но тоа го разбуди Медведев кој со одлична игра го доби вториот сет со 6-3.

Во третиот сет Медведев во краток период двапати му го одзема сервисот на противникот и без многу мака стигна до 6-2 за да се закити со 15. титула на АТП-турнејата.

Благодарение на освоените бодови во Виена, Медведев од понеделник ќе биде на третото место на АТП листата

Треба да знаете
Последни објави