Торино за две минути го реши Милан

Милан со 2-1 загуби на гостувањето кај Торино, втор пораз за тимот на Пиоли оваа сезона во Серија А.

„Росонерите“ примија два гола во краток период во првото полувреме и тоа се покажа како тежок удар. Кофи Џиџи налета на еден центаршут и донесе предност, а само две мнути подоцна Миранчук зголеми 2:0.

Уште на полувремето Милан направи три измени. Освежениот Милан прикажа добра игра во првото полувреме. Милан успеа да намали во 67. минута со спорен гол на Месиас. Дилемата беше дали тој направи фаул пред да го постигне погодокот. Судијата сметаше дека ситуацијата е чиста.

Тренерот на Торино, Јуриќ збесна поради таквата одлука и беше исклучен од игра. Сепак неговиот тим успеа да го сочува водството до крај и да ги освои трите бода.

На табелата сега по ова 12. коло Милан е трет со 26 бода, Аталанта има бод повеќе, а Наполи е лидер со 32 освоени бодови.

Треба да знаете
Последни објави