Фудбалерите на Фламенго ја освоија јужноамериканската Лига на шампиони, откако во „бразилското финале” во Копа Либертадорес во еквадорскиот град Гвајакил, триумфираа над Атлетико Параненсе со 1-0.
Габриел Барбоса го постигна единствениот гол во судиското продолжение од првото полувреме, а неколку минути претходно Атлетико остана на теренот со играч помалку поради исклучувањето на Педро Енрике.
За Фламенго ова е трета титула во Копа Либертадорес, со што славниот клуб од Рио де Женеиро се израмни со најтрофејните бразилски екипи во ова натпреварување. По три титули имаат и Сао Паоло, Палмеирас. Сантос и Гремио.
Најтрофејни клубови остануваат аргентинските – Индепендиенте со седум и Бока Јуниорс со шест титули во јужноамериканската Лига на шампиони.