Рашфорд погоди, Де Хеа ја одбрани победата на Јунајтед

Манчестер Јунајтед им се врати на победите во Премиерлигата откако во последниот натпревар од 14. коло славеше против Вест Хем со 1-0.

Херојот на „црвените ѓаволи“ е Маркус Рашфорд кој во 38. минута на неверојатната асистенција на Ериксен ја затресе мрежата на „чекичарите“. За Рашфорд ова беше јубилеен 100-ти гол во дресот на Манчестер Јунајтед.

Во продолжение од натпреварот Јунајтед имаше проблем со креирањето шанси, имаа посед но изостануваа приликите за гол. Како што одминуваше времето Вест Хем беше повеќе опасен. Давид Де Геа се истакна неколку пати.

Најголемата шанса за изедначување Вест Хем ја пропушти во третата минута од продолжението. Мора да се истакне и интервенцијата на толку многу критикуваниот Хари Мегваер. Мегваер прво ја спречи шансата на Боувен, а потоа Де Хеа одлично го одбрани ударот на Рајс.

Во тимот стартер беше и „повратникот“ Роналдо, кој го одигра целиот натпревар.

Со новите три бода Манчестер Јунајтед го престигна Челси на петото место на табелата, додека Вест Хем остнаува на средината на табелата со само 14 освоени бода по исто толку кола.

Треба да знаете
Последни објави