Вознемирувачко видео кое доаѓа од Белград го вџаши целиот регион. На видеото се гледа како татко ја тепа својата ќерка крвнички, со клоци и тупаници.
По објавеното видео полицијата го лоцирала човекот и тој бил уапсен. Станувало збор за кинеско семејство кое живее во српскиот главен град. Таткото, В.Л., имал 50 години и не бил задоволен тоа како тренирала неговата 14-годишна ќерка, па решил физички да ја казни.
На видеото се гледа како прво ја клоца со нозе, потоа ја удира по главата, за на крај да ја собори на земја. Луѓето кои случајно сведочеле на настанот се јасно вознемирени, според нивните гласови зад камерата.
„Снимај го ова, не можам да гледам. Оди помогни ѝ те молам“, се слуша женски глас.
Таткото е во притвор 48 часа, а потоа ќе му се суди за семејно насилство.
Još jedno brutalno nasilje oca nad ćerkom. Dobio sam informaciju da je u pitanju porodica koja dolazi iz Kine. Podnećemo krivičnu prijavu i protiv ovog monstruma. pic.twitter.com/CrU7g0JcwU
— Igor Jurić (@lojzija) October 28, 2022