(Видео) Ѓоковиќ е голем тениски ас, но и вистински џентлмен

Еден од најдобрите тенисери во историјата, Новак Ѓоковиќ е во Париз каде ќе ја брани титулата на последниот АТП Мастерс од серијата 1000 која ја освои минатата година во „Берси арената“. Мастерсот во Париз почнува денеска, а Ѓоковиќ ја има улогата на шести носител од каде што ќе проба да дојде до седмата титула.

Додека се подготвува за неговиот прв меч Србинот покажа дека  не е само голем тениски ас туку е и вистински џентлмен. Тој прекина со трчањето во еден од парковите во близина на арената за да и помогне на една жена која имала проблем со своите куфери. Видеото го снимил случаен минувач и тоа веднаш стана вирален хит.

Треба да знаете
Последни објави