Силвестер Сталоне проговори за тоа како го спасил 25-годишниот брак со Џенифер Флавин, нагласувајќи дека, конечно, го ставил семејството над кариерата.
Во интервју за „Сандеј тајмс“, тој раскажува за силите што ги вратија заедно со неговата сопруга по кратката разделба изминатово лето.
„Имаше повторно будење на она што беше повредно од сè, а тоа е мојата љубов кон моето семејство“, изјави 76-годишниот Сталоне за весникот. „Тоа има предност пред мојата работа и тоа беше тешка лекција за учење“.
Сталоне признава дека жали што во некои случаи се фокусирал на својата кариера, наместо на своите деца.
Сталоне (76), кој со Флавин (54) имаат три ќерки – Софија (26), Систин (24) и Скарлет (20) – признава дека не обрнувал доволно внимание на децата кога биле мали.
„Не им обрнував доволно внимание кога растеа. Доста долго бев ориентиран кон кариерата, а сега си велам: во ред, немам многу писта пред себе и сакам да почнам да ги прашувам за нивните животи.“
„Сакам да ги прашам каков им бил денот,“ додава тој.
Поранешната манекенка и модел поднесе барање за развод од ѕвездата на „Роки“ на 19 август, но двајцата за кратко време ги премостија разликите.