Тренерот Чави Ернандез ќе се спаси од предвремена разделба со Барселона, но цехот за испаѓањето на шпанскиот гигант по групната фаза од фудбалската Лига на шампионите ќе го платат неговите помошници од стручниот штаб. Според пишувањето на каталонски „Спорт“ неизвесно е како ќе ја прифати оваа одлука Чави, бидејќи околу него седат роднини и блиски пријатели, без голем фудбалски авторите.
Лапорта разговарал со Чави и му дале до знаење дека клубот не е задоволен од начинот на кој неговите помошници си ја вршат работата и сметаат дека му требаат поискусни луѓе покрај него.
Прв асистент на Чави е неговиот брат Оскар, кој нема речиси никакво тренерско искуство. Тој му помагаше на својот брат и во Ал-Сад. За него се вели дека е одлична личност, но дека нема никаков авторитет во соблекувалната и дека е прилично тивок, што не е пофално за помошниците. .
Втор асистент е Серхио Алегре, кој исто така нема искуство. Работеше во пониските лиги, а пред неколку години доби отказ од третолигашот Рубио, по што почна да работи со Чави.
Во стручниот штаб е и пријателот на Чави од детството Иван Торес, кој е кондициски тренер, но клубот не е задоволен од неговата работа бидејќи на некои натпревари видливо беше дека играчите на Барса не се баш добро подготвени.