Во соработка со ЈП „Македонски железници и инфраструктура”, започна реконструкцијата на фреквентниот железнички патен премин Илинден, со што продолжува модернизацијата на локалната патна мрежа.
Реконструкцијата на железничкиот патен премин Илинден се врши со нова модерна подлога од рециклирани гумени елементи според највисоки стандарди. Тоа ќе се овозможи брзо и лесно поминување преку железничката пруга, а ќе се намали и амортизацијата на автомобилите.
Како што соопштија денеска од општина Илинден, увид во градежните активности направил градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски.
Реконструкцијата на железничкиот патен премин Илинден се предвидува да биде завршена до крајот на неделата. Веќе се реконструирани железничките патни премини во Дељадровци и Миладиновци.