Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска соопшти дека имал разговор со францускиот претседател, Емануел Макрон.
Како што наведе, разговарале за зајакнување на одбранбените капацитети на Украина и обновување на оштетената енергетска инфраструктура.
Зеленски го нарече состанокот „исклучително важен и продуктивен“, но не прецизираше што е договорено. Тој му се заблагодари на Макрон за неговата непоколеблива поддршка од почетокот на војната во Украина, пренесува „Ројтерс“.
„Исклучително важен и продуктивен разговор со францускиот претседател Емануел Макрон. Конкретни одлуки за зајакнување на одбранбените капацитети на Украина. Конкретни иницијативи за обнова на уништената енергетска инфраструктура“, напиша Зеленски на „Твитер“.