Денеска (01.11.2022) во 03.45 часот на место викано „Елките” во Штип, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Д.(27) од Штип.
Тој бил баран по централна потерница по наредба на Основен суд Штип за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „разбојништво” по член 237 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во надлежна казнено – поправна установа за издржување на казната.