Бројот загинати во демонстрациите што започнаа низ Иран по смртта на Махса Амини достигна 253, соопшти денеска иранската Канцеларија за човекови права (ИЧП).
Во извештајот што на својата интернет-страница го објави Канцеларијата со седиште во Норвешка, се наведуват податоци од 21 оф 31 иранска провинција. Според нив, во протестите што веќе траат 50 дена, бројот загинати достигна 253, а најмногу жртви – 93, има во провинцијата Систан-Балучистан, каде е сконцентрирано сунитско население. Во Техеран се регистрирани 30 жртви. Од загинатите 34 се малолетни лица, а 19 се жени.
Иранската агенција за човекови права (ХРАНА) објави информација дека во демонстрациите животот го загубиле 36 припадници на безбедносните сили.
Полицијата негира дека ја злоставувала Махса Амини, велејќи дека таа починала од срцев удар, но нејзиното семејство тврди дека младата жена воопшто немала срцеви проблеми.
Информациите говорат дека во речиси двомесечните протести низ земјата се приведени повеќе од десет илјади лица.