Леонардо Ди Каприо и Џиџи Хадид беа забележани како се дружат на раскошна забава за „Ноќта на вештерките“ во Њујорк изминатиот викенд, а шпекулациите за љубовна романса меѓу холивудската ѕвезда и супермоделот не стивнуваат.
Леонардо (47) и Џиџи (27) присуствуваа на вечерата на Circoloco во бродоградилиштето „Бруклин нејви јард“ по повод Ноќта на вештерките. Тие пристигнаа заедно со сестрата на Џиџи, Бела, супермоделот Ирина Шајк и трговецот со уметнички дела Хели Нахмад.
„Пејџ сикс“ цитира извор: „Лео носеше страшна маска поголемиот дел од ноќта, освен кога пиеше. Маската на Леонардо беше половина чудовиште, половина зомби.
Порталот пренесува дека и други ѕвезди, вклучувајќи ги Стела Максвел и Мет Смит, биле присутни на забавата.
Леонардо и претходно имал креативни костими за Ноќта на вештерките за да го скрие своето познато лице. Ви 2018 година стави бизарна маска на кловн, а во 2021 година беше облечен како 100-годишен старец.