Раперот и дизајнер Канје Вест (45) би можел да се соочи со пропаст ако не најде начин да ги спречи брендовите да ја прекинуваат соработката по неговите антисемитски испади, дознава „Пејџ сикс“.
Истиот извор цитира инсајдер, кој тврди рече дека проценетите 5 милиони долари годишно што ги добива за авторски права ќе му бидат доволно само да ја плати сметката за гориво за неговиот авион.
„Иако Канје има многу готовина според нечии стандарди, тој има и висока стапка на согорување на готовина,“ пренесува порталот, и цитира упатени лица кои велат дека иако таткото на четири деца има повеќе од 100 милиони долари во банка, поради неговиот начин на живот тие би можеле да се потрошат за неколку месеци.
„Сосема е неизвесно дали и кога ќе може да го оживее дотокот на пари. Минатиот месец тимот на Канје го опипа пулсот за продажба на неговиот музички каталог за околу 135 милиони долари, но очигледно немало силен интерес.“
„Адидас“ ги стопира исплатите на Канје, додека „Гап“ го прекина двегодишниот договор со него во септември.
Раперот требаше да има концерт на SoFi стадионот во Лос Анџелес на 4 ноември, но настанот бил откажан од страна на местото-домаќин. Упатените велат дека нема други закажани настапи и малку е веројатно дека ќе може да резервира која била локација поради скандалите.