Премиерот Димитар Ковачевски, денеска ќе присуствува на настан по повод реализација на проектот на АД МЕПСО за модернизација на телекомуникациската опрема. Целта на проектот е да се овозможи поголема сигурност и стабилност на нашиот електроенергетски систем.
На настанот кој ќе започне во 10 часот во управната зграда на МЕПСО, освен премиерот Ковачевски, свои обраќања ќе имаат и генералниот директор на МЕПСО, Орхан Муртезани, како и Анди Аранитаси претставник од ЕБОР, а ќе присуствуваат и министри во Владата, изведувачите, како и раководството на ЕСМ и МЕПСО.