Компанијата „Гаспром“ изврши увид на местото каде што се случи експлозијата во која беа оштетени цевките на гасоводот „Северен поток“, изјави рускиот претседател Владимир Путин.„ Добив извештај од (директорот на Гаспром, Алексеј) Милер дека направиле инспекција. Патем, на Гаспром му е дозволено да ги испита местата на експлозијата“, рече Путин. Тој додаде дека се пронајдени два кратери – еден длабок три метри и еден длабок пет метри.
Путин оцени дека е бесмислено да се обвинува Русија дека е одговорна за експлозијата на гасоводот. Нападите на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ беа извршени на 26 септември.
Руското Министерство за одбрана ги обвини претставниците на британската морнарица за учество во планирањето и спроведувањето на, како што тврди Москва, „терористички напад“ во Балтичкото Море на 26 септември, кога беа оштетени гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“, потсетува РИА Вести. Путин рече дека центар за природен гас во Турција може да биде воспоставен прилично брзо и предвиде дека многу купувачи во Европа ќе сакаат да потпишат договори. Тој ја предложи Турција како база за снабдување со гас претходно овој месец, откако гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ под Балтичкото Море беа оштетени во експлозиите во септември. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека се согласува со таа идеја.
Путин изјави дека е многу тешко да се работи директно со европските трговски партнери.
„ Полесно ни е да работиме со Турција. Претседателот Ердоган е човек од збор…и полесно ни е да го контролираме Црното Море“, рече Путин на прес-конференција.
„ Ова е многу реален проект и можеме да го направиме доста брзо, а ќе има доволно луѓе кои сакаат да склучат договор… Не се сомневам дека има многу луѓе во Европа кои го сакаат тоа“, заклучи тој.