Рашфорд и Манчестер Јунајтед пред продолжување на соработката

Маркус Рашфорд се врати во својата препознатлива форма и беше играч на натпреварот против Вест Хем викендов во триумфот на Манчестер Јунајтед од 1:0. Голот на Англичанецот му донесе три бода на Јунајтед, а тоа беше и негов стоти гол во дресот на „црвените ѓаволи“.

Детето на Манчестер Јунајтед беше многу блиску до заминување од „Олд Трафорд“ во текот на летото. Најзаинтересиран беше ПСЖ, но доаѓањето на Ерик тен Хаг промени се.

Холандскиот стручњак верува во 25-годишниот Англичанец, а Јунајтед ќе го продолжи договорот со својот напаѓач.

Има две опции за продолжување на соработката. Или ќе се активира опцијата за автоматско продолжување на уште една година, со оглед дека актуелниот договор му истекува на крајот на сезоната, или двете страни ќе седнат и ќе договорат ново повеќегодишно продолжување.

Договорот на Рашфорд истекува за осум месеци, но за два би можел да преговара со заинтересираните клубови според правилото „Босман“. Сепак, се чини дека Манчестер Јунајтед ќе обезбеди останување на својот младинец на „Олд Трафорд“.

Треба да знаете
Последни објави