Тлеуберди во официјална посета на Северна Македонија

Денес, (вторник, 1.11.2022 г.) министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе му биде домаќин на потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Казахстан, Мухтар Тлеуберди, кој ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.          

Во фокус на разговорите ќе бидат билатералните односи, особено мултилатералната соработка на двете држави, со посебен акцент во Организацијата за безбедност и соработка на Европа, со која Северна Македонија ќе претседава по две месеци. Ќе се разменат мислења и за други актуелни прашања во надворешната политика. 

Во рамки на неговиот престој во Скопје, Тлеуберди се очекува да се сретне и со претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски како и со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери.

 

Треба да знаете
Последни објави