Три товарни бродови со жито на пат кон хуманитарниот коридор во Црното Море

Три товарни брода натоварени со жито денеска ги напуштија украинските пристаништа и се упатија кон хуманитарниот коридор во Црното Море, соопшти Заедничкиот координативен центар во Истанбул.

– Движењето на овие три брода е одобрено од украинската, турската и делегацијата на ОН. Руската делегација беше информирана, соопшти центарот кој го надгледува извозот на украинско жито според договорот постигнат во јули.

Руските власти во саботата соопштија дека се повлекуваат од договорот за извоз на жито од украинските пристаништа, кој е од витално значење за снабдувањето со храна во светот, по нападот на црноморскиот полуостров Крим, зад кој Москва тврди дека стојат Украина и Велика Британија.

Треба да знаете
Последни објави