Украина: Ако имате греалки или генератори контактирајте ја нашата амбасада

Украинско официјално лице со барање, луѓето низ целиот свет да донираат греалки или генератори на Украина. Барањето, како што пишуваат локалните агенции, доаѓа во момент кога Украина страда од прекини на електрична енергија и недостиг на вода поради руските ракетни напади врз енергетската инфраструктура.

Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина, на Твитер објави: „Најдобрата помош за Украина денес, покрај оружјето, се автономни извори на електрична енергија и топлина“.

„Ако имате генератор што не го користите размислете да го донирате во Украина. Пред нас е тешка зима, но ние ќе ја издржиме. Ве молиме контактирајте ја украинската амбасада во вашата земја за тоа “, објави Герашченко.

Треба да знаете
Последни објави