Меѓународните активности во регионот и дома, за нови инвестиции, нови бизнис партнерства, вложување во иновации и напредни технологии, за подигнување на конкурентноста и продуктивноста на фирмите, во исклучително сложени услови за водење бизнис, среде енергетска криза без предвидливост, само ја потврдува определбата на Комората на иднината дека патот кој го трасира за успех и развој на стопанството е преку извозната ориентација на бизнисите.
И во услови кога енергетската криза е во полн ек со сериозни проблеми во деловното функционирање на компаниите, Комората ги продолжува останатите редовни активности кои се од интерес за нашите компании. Фокусот во претстојниот период е на меѓународните активности. Во Белград, Берлин, Скопје состаноци, дебати, средби за инвестиции и проширување на соработката во енергетиката, дигитализацијата, напредните технологии, иновациите.
1.
Утре (2.11.2022 година) во Белград ќе се одржи средба со 100 влијателни американски компании на тема “Нов пат и можности: Регионот на Западен Балкан во однос на Соединетите Американски Држави“, на кои бизнис познавачи од регионот и учесниците од САД ќе имаат можност да разговараат за нивните планови и за тоа како да се соочат, да се прилагодат и да одговорат на новите глобални трендови во ИТ и енергетскиот сектор, обезбедувајќи јасна слика за тековните изгледи на пазарот и идните можности за соработка.
2.
На 17ти ноември 2022 година, Норвешката амбасада во Белград организира инвестициска конференција за енергетика на тема „Инвестициските можности во обновлива енергија“, на која ќе учествуваат 50-тина значајни норвешки фирми и сите претседатели на Влади и министри за економија на балканските земји. , но и бизнисмените кои веќе имаат искуства во оваа област.
На двете средби со американски и со норвешки компании/инвеститори, во придружба на претседателот Азески ќе присуствуваат и значајни бизнис личности од Северна Македонија, кои заедно со земјите членки на Западен Балкан ќе разговараат за сите можни облици на соработка.
3.
Во Скопје на 18.11 2022 година во хотелот Хилтон во Скопје ќе се одржи Балкански економски форум, поддржан од СКСМ, со фокус на развој и имплементација на иновативни стратегии и креативни решенија за тековните економски предизвици со кои се соочуваат балканските земји за да се стимулира економскиот раст кој, пак, ја зајакнува регионалната соработка, мир и безбедност.
4.
Започнуваат активности и за сновање на јапонско македонска стопанска комора, преку која ќе се спроведат програми коишто ќе бидат специјализирани за Комората како најголема и најбројна бизнис заедница, а се работи и на продолжување на договорот со Јапонската агенција за меѓународната соработка (JICA), која нуди грантови за поддршка на приватниот сектор во развој на инфраструктурни проекти кои ќе придонесат за ублажување на климатските промени и заштита на животната средина, програми за зголемување на менаџментниот капацитет преку обуки, тренинзи и посети на нашите компании, организирани од страна на Јапонија.
5.
Во Белград утре (2.11.2022 година) ќе се одржи и Седница на Управниот одбор на КИФ, каде претседателот Азески е ко-претседател, на која меѓу другото ќе се разгледува вториот годишен извештај за мерење на постигнувањата во спроведувањето на акцискиот план за заеднички регионален пазар, односно колку фирмите на терен ги чувствуваат придобивките од одлуките што се носат за регионалното поврзување, во насока на воспоставување единствен регионален економски пазар. На седницата ќе се разговара и за претстојната инвестициска конференција на 22 ноември 2022 година во Љубљана која КИФ ја организира заедно со Регионалниот совет за соработка (РСС) со седиште во Сараево, на кој заеднички ќе се престават инвестициските потенцијали на регионот на Западен Балкан пред потенцијални инвеститори од Словенија, Хрватска Италија и Австрија.
6.
Во Берлин во четврток (4.11.2022 година), Претседателот Азески заедно со под претседателот Виктор Мизо кој воедно е и претседател и на Асоцијацијата за напредни технологии при Комората, ќе има средба со германските компании кои потенцијално разгледуваат можности за инвестиции или проширување на нивните инвестициски активности во Северна Македонија.