Mинистерот за надворешни работи на Казахстан во официјална посета на Скопје

Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска ќе биде домаќин на казахстанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Мухтар Тлеуберди, кој ќе престојува во официјална посета на земјава.

Како што информираат од МНР, во фокус на разговорите ќе бидат билатералните односи, особено мултилатералната соработка на двете држави, со посебен акцент во Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ), со која Северна Македонија ќе претседава по две месеци, а ќе бидат разменети мислења и за други актуелни прашања во надворешната политика.

Во рамки на неговиот престој во Скопје, Тлеуберди се очекува да се сретне и со шефот на државата Стево Пендаровски, како и со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Треба да знаете
Последни објави