Еден Азар дојде во Реал Мадрид во јули 2019 година, Челзи за Белгиецот за околу 110 милиони евра.
Премиерлигата ја напушти како еден од најдобрите, во последната сезона со Челзи имаше учинок од 16 гола и 15 асистенции на 37 премиерлигашки натпревари. Но во Мадрид се соочи со проблеми со повреди и лоша форма.Сезонава 31-годишниот Азар повеќето натпревари ги следи од клупата – само во белгиската репрезентација игра нешто повеќе. Намерата на Реал е да го продаде крилниот напаѓач, а англиските и шпанските медиуми пренесуваат дека Астон Вила е заинтересирана да го доведе Белгиецот уште овој јануари.
Вила, која неодамна ја презеде Унаи Емери, е подготвена да го врати Азар на Островот. Еден има договор со Реал до 2024 година, се уште не е јасно дали Астон Вила прво би се обидела со позајмица, па дури потоа откуп.Клубот од Бирмингем се бори за опстанок во ПЛ, има само бод повеќе од Лестер кој е во опасната зона. Интересно би било да се врати Азар во англискиот фудбал и тоа во тандем со Фелипе Кутињо кој го носи дресот на Вила.