Ајнтрахт и Тотенхем во драматични мечеви ги шокираа Спортинг и Марсеј

Бундеслигашот Ајнтрахт Франкфурт и премиерлигашот Тотенхем вечерва си обезбедија настап во нокаут фазата во фудбалската Лига на шампионите и има се придружија на 12.екипи кои тоа го сторија пред почетокот на последното 6. коло од групната фаза која ќе финишира со утрешните последни осум меча од групите.

Најголемата драма се одигра во Д група, каде минатогодишниот освојувач на Лига Европа гермнаскиот Ајнтрахт и англискиот Тотенхем ги елиминираа од елитното натпреварување  португалскиот Спортинг и францускиот Марсеј со резултаски пресврти.

Ајнтрахт Франкфурт со пресврт го победи Спортинг со 2:1 и го освоија второто место во најдраматичната група од првата фаза во ЛШ.

И Тотенхем се врати од негатива, а голот на Мбемба во финишот на првото полувреме не му беше доволен на Марсеј за пат во нокаут фазата во ЛШ.

Ленгле израмни во 54. минута, а Хари Кејн со гол во последната секунда од мечот ја обезбеди победата и првото место во групата, пред Ајнтрахт, а Марсеј испадна и нема да игра во Европа, бидејќи трет е Спортинг, доволно за место во Европа Лигата.

Ливерпул со головите на Мо Салах и на Дарвин Нуњес во финишот го победи Наполи (2:0) и го спречи да заврши фаза по групи со максимални шест победи.

Сепак Наполитанците се победници во групата, бидејќи имаат подобар меѓусебен скор од Ливерпул во ситуација кога двете екипи завршија со по 15 бода.

Ајакс го победи Глазгов Ренџерс со 3:1 и ќе игра во Европа Лигата.

Единствен тим со максимални шест победи и тоа две сезони по ред и три во последните четири е германскиот гигант Баерн.

Баварците ја прегазија групата Ц, а вечерва и Интер по вторпат, со головите на Павард и на Чупо Мотинг.

И Интер продолжува во ЛШ, а Барселона со победа од 4:2 против Викторија Плзењ вечерва го потврди учеството во Европа Лигата.

Резултати и табели:

А група

Ливерпул – Наполи 2:0, Глазгов ренџерс – Ајакс 1:3.

Табела: Наполи и Ливерпул по 15 бода, Ајакс 6, Глазгов ренџерс без бодови.

Б група

Порто – Атлетико Мадрид 2:1, Баер Леверкузен – Бриж 0:0.

Табела: Порто 12 бода, Бриж 11, Баер и Атлетико по пет бода.

Ц група

Баерн – Интер 2:0, Викторија Плзењ – Барселона 2:4.

Табела: Баерн 18 бода, Интер 10, Барселона 7, Викторија Плзењ без бодови.

Д група

Марсеј – Тотенхем 1:2, Спортинг – Ајнтрахт 1:2.

Табела: Тотенхем 11, Ајнтрахт 10, Спортинг 7, Марсеј 6

Треба да знаете
Последни објави