Во Киев продолжи снабдувањето со вода и електрична енергија

 Снабдувањето со вода и електрична енергија е обновено низ Киев по руските напади кои предизвикаа големи прекини, изјави денеска градоначалникот на главниот град на Украина, Виталиј Кличко.

„Снабдувањето со вода и електрична енергија е целосно обновено”, напиша Кличков на Телеграм.
Руското Министерство за одбрана претходно ги потврди ракетните напади врз енергетски капацитети на Украина, како и врз воени инсталации, извршени со прецизни проектили истрелани од авиони-бомбардери и од воени бродови.
Нападите предизвикаа прекин на водоснабдувањето на 80 отсто од населението на Киев, каде 350.000 домови исто така останаа без струја.
Треба да знаете
Последни објави