Биљал Касами, градоначалникот на општина Тетово се спротиставува на владиниот став за забрана за формирање на јавни претпријатија кои ќе управуваат и произведуваат електрична енергија. Доколку локалната самоуправа биде спречена, тој ќе бара заштитата од судските власти. Овој став го изнесе градоначалникот Касами на новинарско прашање по посетата на депонијата „Русино”. Тој појасни дека постапиле по претходните препораки на регулаторната комисија.
– Ние поднесовме барање до централен регистар, претходно се консултиравме во ЗЕЛС и ги следевме препораките на надлежното регулаторно тело. Нема да дозволиме со неразумните одлуки на владата граѓаните да бидат оштетени. Ние ќе ги преземеме сите мерки и бараме преку судските институции, рече Касами.
Спротиставуавањето на Касами доаѓа изгласувањето на одлука во тетовскиот општински за формирање на јавно претпријатие кое ќе управува со уличното осветлување, поставува фотоволтаици и ќе произведува електрична енергија.