Во Интер уверени дека ќе потпишат нов договор со Шкрињар пред Мундијалот

Спортскиот директор на Интер, Бепе Марота е уверен дека неговиот клуб ќе може да го продолжи договорот со дефанзивецот Милан Шкрињар до почетокот Светското првенство во Катар во 2022 година.

– Вредноста на Шкрињар за тимот е многу висока, и на теренот и надвор од него. Оптимист сум и уверен дека успешно ќе ги завршиме преговорите пред почетокот на Светското првенство, некаде околу 13 ноември. Гледам позитивен напредок, го цитира Скај Спортс Марота.

Шкрињар настапува за Интер од јули 2017 година. Оваа сезона учествуваше на 18 натпревари за тимот и не постигна гол.

Словакот е проценет на 65 милиони евра од „Transfermarkt.com”. Актуелниот договор на 27-годишниот Шкрињар е со важност до крајот на јуни 2023 година.

Треба да знаете
Последни објави