Кајли Џенер: Премногу откривав од својот живот на социјалните мрежи

Кајли Џенер смета дека премногу споделувала од својот приватен живот на социјалните мрежи.25-годишната реалити ѕвезда и успешна деловна жена, која се прослави заедно со своето семејство со ток-шоуто Keeping up with the Kardashians во 2007 година, сега има повеќе од 370 милиони следачи на Инстаграм и смета дека можеби откривала премногу од својот живот на социјалните мрежи низ годините.

„Мислам дека кога премногу ја покажував својата личност или споделував премногу, луѓето едноставно имаа повеќе пристап да кажат работи за вистинската јас,“ вели таа.

„Значи, решив малку да се повлечам. Мислам дека имам веројатно најтврда кожа на планетата, затоа што милиони луѓе зборуваа работи за мене и одлучија која сум јас, а тоа воопшто не сум јас. Тешко е само да се проголта тоа. Моите пријатели и моето семејство знаат која сум, така што, тоа е она што е навистина важно.“

Основачката на KylieCosmetics е во врска со раперот Тревис Скот од 2017 година и со него ја има четиригодишната ќерка Сторми, како и осуммесечен син – чие име не го објави јавно.

Таа потенцира дека нејзините приоритети се промениле во последните години и дека сега сака да им се посвети целосно на своите деца, не на себе.

Говорејќи на јутјуб-серијата Who’s in my Bathroom?! („Кој е во мојата бања?!“), Кајли ѝ рече на водителката Хејли Бибер: „Моите приоритети се на друго место. Сега имам работа во вистинскиот, реалниот живот.“

„Претходно, кога бев често присутна на социјалните мрежи, мислев дека цел живот би го посветила на тоа. Многу пати, се будев наутро и појадував со вклучен ‘Снепчет’. Едноставно веќе не можам да го правам тоа.“

„Сè што сакам да правам е да играм со моите деца. Сега се работи за нив, додека порано се работеше за мене. Дури и Ноќта на вештерките е позабавна,“ вели Кајли и додава: сега можам да живеам преку нив.

Треба да знаете
Последни објави