Натпреварот меѓу Баерн и Интер во Минхен од последното коло во групната фаза од фудбалската Лига на шампионите немаше резултатска важност. Но, и покрај тоа и двете екипи сакаа победа, Баварците имаа цел да остварат максимален учинок во групата, а Италијанците да се реваншираат за поразот од Милано.
Еден од клучните детали од дербито се случи на почетокот на натпреварот, откако по удар на играч на Интер, Мане играше со рака. Многумина очекуваа најстрога казна за Интер, но сепак словачкиот судија Крузлиак по ВАР прегледите реши да не покаже на белата точка. По натпреварот Мане имаше оправдување за ваквиот потег.
-Тоа беше силен удар, ако не ги кренев рацете топката ќе ме погодеше в лице и ќе завршев в болница. Мислам дека е дозволено да се користат рацете за заштита на лицето. Tоа не беше пенал.
Инаку, дури петнаесет камери го снимиле спорниот детал од кој се гледа дека Сенегалецот играл со рака. Овој момент се случи при резултат 0-0, а потоа германскиот тим постигна два гола и извојува уште една победа во групната фаза во Лигата на шампионите.