Модриќ стана најстариот играч во историјата на Лигата на шампионите кој постигнал гол од пенал

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ постави нов рекорд во фудбалската Лига на шампионите.

Во натпреварот од 6. коло од групната фаза против Селтик, Хрватот реализираше пенал и стана најстариот играч кој постигнал гол од 11 метри на турнирот.

Модриќ постигна гол на 37 години и 54 дена.

Претходниот рекорд го држеше напаѓачот Бурак Јилмаз, кој погоди од пенал за Лил на 36 години и 244 дена во осминафиналето на Лигата на шампионите 2021/22 против Челзи (1-2).

Натпреварот Реал – Селтик се игра вечерва во Мадрид, на полувреме Реал води со 2:0. И вториот гол Реал го постигна од пенал, овој пат трелец беше Родриго. Интересно е што пенал имаа и гостите, но не успеаја да го реализираат.

Треба да знаете
Последни објави