Тренерот на Рома, Жозе Мурињо не сака повторно да игра во Конференциската лига. Римјаните го заземаат третото место во групата Ц од Лига Европа и утре (3 ноември) ќе играат со второпласираниот Лудогорец.
– Важно е Заниоло да може да игра, тој може да ни помогне да победиме. Не можам да кажам дека е целосно здрав, но би било одлично да го имаме во тимот. Ако не победиме, ќе одиме во Конференциската лига, но не го сакаме тоа. Сакаме да играме во плејофот од Лигата на Европа, а за ова ни треба само победа. Ќе биде тешко – поради притисокот и поради нашиот противник. Амбициите на нашите играчи се такви што не сакаме повторно да ја освоиме Конференциската лига, туку сакаме да играме во плејофот на Лигата на Европа, каде што може да се сретнете дури и со тимови кои можат да ја освојат Лигата на шампионите. Тоа е она што го бараме, изјави Мурињо.
Во Ц-групата од Лигата на Европа, Бетис е лидер со 13 бодови, Лудогорец и Рома имаат по седум, ХЈК е последен со еден бод.