Германскиот фудбалски интернационалец од редовите на Реал Мадрид, Тони Крос, најави дека шпанскиот клуб ќе биде последен во неговата кариерата, но не прецизираше кога ќе замине во играчка пензија.
-Не се променило ништо од тоа што одамна го зборувам, а тоа е дека не одам никаде и нема да менувам веќе клубови. Тука ќе останам, тука ќе ја завршам кариерата. Единствено не знам кога тоа ќе се случи, им изјави Крос на новинарите во Мадрид.
Крос има договор со Реал до 30 јуни 2023 година.
Од германската репрезентација се повлече во јуни лани.