Новата ѕвезда на Наполи остана без автомобил: Му го украле додека спиел

Фудбалерот на Наполи, Грузиецот Квича Кварцкелија е нова жртва на криминалците во Италија. Изминатата ноќ тој останал без својот автомобил кој го купи пред само еден месец.

Детали за грабежот од домот на фудбалерот обајави „Кориере дело Спорт“. Кварцкелија не се разбудил во текот на ноќта, туку утрото забележал дека му го нема автомобилот и веднаш пријавил во полиција.

Инаку, Неапол е познат по крадците кои често пати „оперираат“ низ елитните населби каде што живеат фудбалерите. Автомобилот на Грузиецот беше марка „Mini Coutryman“. Ќе потсетиме, жртви на кражби неодамна беа Анхел Ди Марија од Јувентус и Тео Ернандез од Милан.

Треба да знаете
Последни објави