Последни подготовки на салата во СЦ „Борис Трајковски” пред почетокот на Европското првенство за ракометарки

Во Спортскиот центар „Борис Трајковски” во Скопје се прават завршните подготовки пред почетокот на Европското првенство за ракометарки.

Се внимава на сите детали за ракометарките, службените лица, новинарските екипи, публиката и другите инволвирани да имаат идеални услови за време на престојот во салата.

Во македонската престолнина ќе се играат натпреварите од Ц-групата во која покрај македонската репрезентација се и селекциите на Франција, Романија и Холандија.

Покрај Скопје, домаќини на ЕХФ Еуро 2022 се и Подгорица (Црна Гора), Љубљана и Целје (Словенија).

Женскиот континентален ракометен собир почнува утре (4 ноември) и ќе трае до 20 ноември.

Треба да знаете
Последни објави