Покрај Лигата на Европа, вечерва се играа натпревари и во Конференциската лига.
Aнглиски Вест Хем со победата од 3:0 против ФЦСБ остана со максимален ефект од шест победи во групната фаза од Конференцискатал ига. Два гола за премиерлигашот постигна Форналс, додека Дава си ја погоди сопствената мрежа.
Словачко каде што спортски директор е поранешниот македонски репрезентативец Величе Шумликоски го „сопна“ Партизан одигрувајќи 1:1. Ова реми не значи многу за чешкиот тим затоа што и со него се збогуваат од Европа, меѓутоа Партизан се доведе во ситуација да оди во 1/16 финалето од Конференциската место директно во осминафиналето.
Поради ремито на Партизан, Ница со ремито 2:2 против Келн го задржа првото место. Во групата „Ц“ Лех Познањ со 3:0 беше подобар од шпански Виљареал и заврши како второпласиран.
Андерлехт во директна пресметка со Силкеборг славеше со 2:0 и го освои второто место за пласман во нокаут фазата.